Утрински Весник
Македонија

Притворен дилер од Битола

Притворен дилер од Битола

Битолското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен битолчанец поради продажба на хероин.

dobivaj vesti na viber

При извршен претрес на 10 април, полициски службеници кај него пронашле 12 грама хероин за која имал намера да ја препродаде на наркозависници, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи оцени дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации