Утрински Весник
Свет

Во Ватиканската библиотека откриен фрагмент од Библијата избришан пред 1500 години

избришано поглавје од Библијата

Австриски научник дошол до неверојатно откритие во Ватиканската библиотека – ново поглавје од Библијата во превод на класичен сириски јазик кое било избришано пред повеќе од 1500 години, пренесува „Њујорк пост“.

dobivaj vesti na viber

Григори Кесел, експерт за средновековието од Австриската академија на науки, го открил избришаниот фрагмент благодарение на користењето ултравиолетово светло при анализата на ракописот и на своето длабоко познавање на старите сириски текстови и карактеристиките на писмото.

Кесел го открил тексот како трет слој на ракопис т.е. двоен палимпсест.

Фрагментот е досега единствениот познат остаток од четвртиот ракопис што ја потврдува класичната сириска верзија и нуди уникатен увид во најраната фаза од историјата на текстуалното пренесување на евангелијата.

„Ова откритие докажува колку продуктивна и важна може да биде интеракцијата помеѓу модерните дигитални технологии и фундаменталните истражувања кога станува збор за средновековни ракописи,“ рече Клаудија Рап, директорка на Институтот за средновековни истражувања при Австриската академија на науките.

Древниот текст кој датира од 3. век ги содржи 11. и 12. поглавје од Евангелието по Матеј – едно од четирите евангелија од Новиот завет на Библијата- и претставува еден од најраните преводи на тоа евангелие.

Текстовите од Новиот завет се напишани во годините по Исусовото распнување.

Текстот бил избришан во 6. век. а преку него бил напишан друг текст. Скриениот текст го избришал писар во Палестина, што било вообиачена практика во тоа време зашто пергаментот бил редок, па често биле бришени ракописи за повторна употреба на пергаментот.

Овој текст бил напишан најмалку еден век пред најстарите грчки ракописи што преживеале низ вековите, вклучувајќи го и Синајскиот ракопис (Codex Sinaiticus).

Кесел сега успеал да ги открие избришаните зборови, а неговите откритија се објавени во списанието „Њу тестамент стадис“.

„Традицијата на сириското христијанство познава неколку преводи на Стариот и Новиот завет, а до неодамна се знаеше дека само два ракописи содржат старосириски првод на евангелијата,“ вели Кесел.

Еден од ракописите сега се чува во Британската библиотека во Лондон, вториот е откриен како палимпсест во манастирот Света Катерина на планината Синај, а неодамна беа откриени и фрагменти од трет ракопис во раките на проектот „Синајски палимпсести“.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години