Утрински Весник
Свет

(Видео) Украина објави видео: шест граничари три часа го одбиваа рускиот напад во Бахмут

(Видео) Бахмут во пламен: Украинците со „метеорит“ гаѓаат руски цели

Урбаните борби продолжуваат во источниот украински град Бахмут во областа Донецк. Државната гранична служба на Украина објави видео за кое се вели дека ги прикажува украинските сили како го одбиваат неодамнешниот руски напад.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на три часа шестмина граничари од одредот Луганск ги задржаа своите позиции и ги одбија непријателските напади и покрај тоа што беа значително помногубројни“, соопшти Државната гранична служба на Украина и додаде дека група војници им дошле на помош на своите соборци во момент кога биле во опасност да бидат опколени од руските сили.

Граничната стража соопшти дека украинските сили употребиле фрлачи и огнено оружје и го одбиле рускиот напад, а ранетите украински војници биле евакуирани од бојното поле. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно потврди дека ситуацијата во Бахмут е крајно комплицирана, а Украина тврди дека Русите не го контролираат градот.

Водачот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска преку видео објави дека неговите сили контролираат повеќе од 80 отсто од градот.

„Во Бахмут, поголем дел, повеќе од 80 отсто, сега е под наша контрола вклучувајќи ги целиот административен центар, фабриките, магацините, градската администрација“, рече Пригожин.

Платениците на „Вагнер“ ги предводат повеќемесечните напори на Москва да го заземе Бахмут, кој се претвори во една од најкрвавите битки во 13-месечната инвазија на Украина. Битките за ровови и постојаниот артилериски оган потсетуваат на Првата светска војна поради огромните жртви од двете страни.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници