Утрински Весник
Македонија

Децата во поправните установи ќе учат по наставни програми

Децата во поправните установи ќе учат по наставни програми

Ќе се обезбеди континуиран образовен процес за малолетниците во воспитно-поправните и казнено поправните установи

dobivaj vesti na viber

Владата го утврди предлогот за законски измени, посочувајќи дека целта е регулирање на воспитно образовниот процес за малолетниците кои отслужуваат казна.

„Со измеите и дополнувањата на законот, е предвидено да се обезбеди континуиран образовен процес за малолетниците во воспитно-поправните и казнено поправните установи, чие образование ќе се заврши со документ за завршено формално основно образование-свидетелство.

Предложени се измени се во насока – основно образование во казнено-поправни установи да се реализира по наставен план и наставни програми за основно образование на возрасни, а да го реализира училиштето кое има верификација за образование за возрасни и реализира настава на мајчин јазик на ученикот во овие установи.

Основното образование во воспитно-поправни установи се реализира по посебен наставен план и наставни програми, а го реализира училиштето кое има верификација за основно образование за деца во воспитно-поправни установи и реализира настава на мајчин јазик на ученикот во овие установи. Со тоа би се реализирале дел од препораките во Извештајот на Европската Унија за напредокот на земјата во делот на човекови права“, информираа од Владата по седницата.

Можете да прочитате

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген зоната

ВМРО-ДПМНЕ: СДС работи против Филипче, тие го дозакопаа правдајќи го неговиот гаф со Милорад Додик

Косовски камионџија починал на патот Деве Баир – Крива Паланка