Утрински Весник
Македонија

Утврдено кој го изврши убиството во казиното во Капиштец: испорачана кривична, а по убиецот се трага

Утврдено кој го изврши убиството во казиното во Капиштец: испорачана кривична, а по убиецот се трага

На 10.04.2023 СВР Скопје поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Џ.С.(44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по чл. 123 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Имено, на 31.03.2023 околу 08.02 часот во казино на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, Џ.С. со пиштол пукал во Н.А.(46) од с.Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, по преземени мерки и активности, како и врз основа на извршените вештачења, утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело, а обезбедено е и огненото оружје со кое Џ.С. го извршил кривичното дело.

Пукањето и убиството во скопски Капиштец се случило по турканица во казино, лоцирана непосредно до автобуската станица.

Двајцата играчи седеле заедно во казиното на слот-машините и играле кога одеднаш станале, меѓусебно почнале да туркаат, едниот од нив го извадил пиштолот и пукал во лицето од Арачиново, кое починало на местото.

 

Можете да прочитате

Крај за печатите во пасош: ЕУ стартува со дигитална регистрација на патници од трети земји

Трендафилов: Работниците живеат со 24.000 денари, функционерите со 150.000 денари

Жителите на Русиново на стражи пазат да не се разгори пожарот