Утрински Весник
Македонија

„Потпишале документи за кои Уставниот суд се изјаснил дека се противуставни“, Панова бара одговорност од Ковачевски и Груби

„Потпишале документи за кои Уставниот суд се изјаснил дека се противуставни“, Панова бара одговорност од Ковачевски и Груби

Пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ смета дека договорот за изградба на коридорот 8 се оштетува буџетот оти изведувачот „Бехтел и Енка“ се ослободува од давачки, царини, акцизи. Посочи дека со одлука на Влада, изведувачот ќе може да прави експлоатација на минерални суровини и додаде: „Се прескокнуваат институции, министерства и закони“. Панова смета дека законите не смејат да бидат спротивни на Уставот.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон изготвување на суштински амандмани, за подобрување на законите и избегнување на штетите кои би ги трпела Македонија“, посочи Панова.

Таа кажа дека премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби ја злоупотребиле службената положба и овластување.

„Дали СДСМ и ДУИ, т.е. Ковачевски и Груби со договорот кој го потпишале со ‘Бектел и Енка’ ја обврзале Македонија да плаќа милионски пенали доколку не се измени законот за работни односи и не се овозможи 60 часовна работна недела за работниците кои ќе работат на проектот на Бектел и Енка на коридорите 8 и 10Д. Доколку е вистина, пеналите кои ги прифатиле се на директна штета на државата и надвор од нивните овластувања како извршна власт. Согласно извадокот од договорот, се обврзале во рок од 45 дена од денот на потпишување на договорот да го сменат законот за работни односи и да воведат 60 часовна работна недела, а во спротивно треба да исплатат еднократни пенали во висина од 53 милиони евра, плус се обврзале секој месец да исплаќаат 1 265 000 евра на име постојани пенали додека трае договорот додека не се измени законот и не се воведе 60 часовна работна недела. И Ковачевски и Груби ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и за ова мора да има одговорност. Тие потпишале документи за кои Уставниот суд се изјаснил дека се противуставни. На седница на 13 јули 2022 Уставен суд донесе одлука за укинување на оспорениот член за 60 часовна работна недела кој беше дел од законот гласан во собранието за ‘Бектел и Енка’ бидејќи е во спротивност со темелните вредности, владеење на правото предвидена во челн 8, алинеа 3 од Уставот“, додаде Панова.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика