Таа беше француска книжевна миленичка, a тој студент 30 години помлад од неа. Есеистката Ени Ерно се сеќава на својата највозбудлива афера, гласи поднасловот на статија во британски „Вог“, посветена на француската писателка Ени Арно, добитник на Нобелова награда за литература во 2022 година.
Магазинот пренесува извадоци од нејзината најнова книга Le jeune homme („Младиот човек“).
„Еднаш поминав многу чудна ноќ со студент кој ми пишуваше една година и сакаше да се запознаеме.“
„Честопати сум водела љубов за да се присилам да пишувам. Се надевав дека во заморот, запуштеноста што доаѓа потоа ќе најдам причини да не очекувам ништо повеќе од животот. Се надевав дека оргазмот, најнасилен крај на чекањето, ќе направи да се чувствувам сигурна дека нема поголемо задоволство од пишувањето книга. Можеби токму желбата да го поттикнам пишувањето ме поттикна да го однесам дома на пијачка по вечерата во ресторан. Беше речиси 30 години помлад од мене.“
„Се гледавме на викенди, а помеѓу нив сè повеќе и повеќе си недостасувавме. Секојдневно ми се јавуваше од јавна говорница за да не предизвика сомнеж кај девојката со која живееше.“
„Ниту таа, ниту тој, никогаш не помислувале дека водењето љубов може да биде нешто друго освен повеќе или помалку забавено задоволување на желбата, дека тоа може да биде вид на континуирано создавање. Жестината што ја покажа пред ова ново откритие сè повеќе ме врзуваше со него. Малку по малку, аферата стана врска која копнеевме да ја доведеме до крајна граница, без да знаеме што навистина значи тоа.“
„Кога на мое задоволство и олеснување раскина со својата девојка и таа го напушти станот, јас стекнав навика да останувам кај него од петок навечер до понеделник наутро. Тој живееше во Руан, градот во кој и јас живеев како студент, во 60-тите.“
„Вог“ потсетува дека кинигата „Младиот човек“ од Ени Ерно, е објавена минатиот септември во Британија од издавачката куќа Fitzcarraldo Editions и истиот месец во САД (Seven Stories).