Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нова катастрофа му се случува на Скопје, Мицкоски ги изневери скопјани

СДСМ: BМРО-ДПМНЕ им служи на туѓите интереси и работи против членството во ЕУ

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски ги изневери скопјани, со ВМРО-ДПМНЕ на Скопје му се случува нова катастрофа, вели СДСМ

dobivaj vesti na viber

„Данела Арсовска, кандидатката на Мицкоски, за која тој лобираше кај граѓаните и ги повикуваше да гласаат за неа, како за најдобра менаџерка, се покажа како најнеспособен градоначалник на Скопје.

Град Скопје назадува токму поради неспособноста на Арсовска и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема реализација на ниту еден важен проект, градскиот превоз е нефункционален, нема нов еколошки превоз, нема нови автобуси, јавните претпријатија се во хаос.

Наместо да работат на решавање на проблемите, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се занимаваат со идејата за враќање на споменикот на Ќосето.

Со Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, Градот тоне во безидејност и бесперспективност, нема продолжување на наследените проекти, но затоа има кавги за рацете во медот, за провизии и бизнис влијанија“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Меџити: Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево

Чупеска: Граѓаните ја изгубија вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда

ДУИ: Власта ја блокира европската иднина на државата