Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ние сме за продолжување на европскиот пат, а Мицкоски и Апсиев се против ЕУ

Анкета: Расте скептизимот за Европската Унија, како најголема закана граѓаните ја гледаат Бугарија

СДСМ е за продолжување на европскиот пат и посветено работи на членството во Европската унија, како врвен национален и државен интерес поставен уште од независноста, соопшти владејачката партија.

dobivaj vesti na viber

„По 17 години, минатата година започнаа преговорите, за членство се одржа меѓувладина конференција, скринингот тече одлично и тој процес ќе финишира успешно. Сега е време за исполнување на единствената обврска која нашата држава ја има согласно преговарачката рамка, усвоена од 27 земји членки на ЕУ, а тоа се уставните измени.

СДСМ номинираше претставник во работната група за измени на Уставот и активно ќе учествува во експертското тело формирано од Министерството за правда. За жал, граѓаните гледаат дека заложништвото на Христијан Мицкоски кон Димитар Апасиев и Левица си го направи своето. Мицкоски и Апасиев отворено се против ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани“ велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека СДСМ, како предводник на проевропската коалиција, ќе се спротивстави на деструктивноста на оваа коалиција на хаосот.

Македонските граѓани, како што велат од СДСМ, сакаат да живеат во ЕУ, ама сакаат да живеат во ЕУ дома, а не да живеат во ЕУ во туѓина.

Можете да прочитате

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце

Се огласи Фриком по пожарот: Ветуваме дека ќе ви го вратиме вкусот на летото многу брзо