Утрински Весник
Економија

Богаташите масовно ја напуштаат Норвешка, земјата ќе изгуби десетици милиони евра

Богаташите масовно ја напуштаат Норвешка, земјата ќе изгуби десетици милиони евра

Рекорден број супербогати Норвежани ја напуштаат земјата и одат во земји каде има ниски даноци. Тие ја напуштаат земјата откако владата на левиот центар го зголеми данокот на богатство за 1,1 отсто.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 30 норвешки милијардери и мултимилионери ја напуштиле Норвешка во 2022 година, покажува истражувањето на весникот „Дагенс неринглив“. Бројот на супербогати луѓе кои ја напуштиле Норвешка минатата година бил поголем отколку во претходните 13 години.

Се очекува повеќе богати Норвежани да ја напуштат земјата оваа година поради зголемувањето на данокот на богатство во ноември, што ќе ја чини владата десетици милиони евра изгубени даночни приходи. Многумина се преселиле во Швајцарија, каде данокот е многу помал, пишува „Гардијан“.

Меѓу оние кои се преселиле е и индустрискиот тајкун Кјел Инге Роке, кој се преселил во Лугано, во близина на езерото Комо и модниот центар на Европа, Милано. Роке (64) е четвртиот најбогат Норвежанец, чие богатство се проценува на 1,65 милијарди евра.

Во отвореното писмо, тој рече дека го избрал Лугано за негова нова резиденција, која не е ниту најевтина, ниту има најниски даночни стапки, но за возврат е на одлично место во Европа.

„За оние кои се блиски до компанијата и мене, јас сум на еден клик од вас“, изјави Роке.

Неговото заминување од Норвешка ќе ја чини оваа скандинавска земја околу 15 милиони евра годишно. Минатата година Роке беше на прво место по платен данок, како физичко лице, а „Дагенс Неринглисв“ пресмета дека од 2008 година уплатил близу 132 милиони евра во државната каса.

Професорот од Норвешката бизнис школа Оле Џемс-Онстад рече дека проценката е дека луѓето што ја напуштиле земјата имаат вкупно околу 52,5 милијарди евра.

Брокерот и фармер на лосос Торд Уланд Колстад, чие богатство се проценува на околу 132 милиони евра, се преселил од градот Бодо во Луцерн, Швајцарија.

Можете да прочитате

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

ССКМ демантира дека Претседателот Ангеловски демантира дека е разрешен, обвинува за фалсификат

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”