Утрински Весник
Македонија

Најчевска за измените на законите за автопатите: плукаат на демократијата, мислењето на граѓаните и владеењето на правото

Најчевска за измените на законите за автопатите: плукаат на демократијата, мислењето на граѓаните и владеењето на правото

Професорката Мирјана Најчевска ја обвини власта за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорот 8.

dobivaj vesti na viber

„Што ни порачуваат властодршците со предложените суштински измени на 8 закони поврзани со изградбата на коридорот 8 по скратена постапка?

1. Дека плукаат на демократијата, демократските процедури, мислењето на граѓаните и владеењето на правото.
2. Дека стратешките интереси се утврдуваат од денес до утре без никава претходна демократска процедура и слушање на мислењето на граѓаните.
3. Дека заштитата на животната средина е минорно нешто од кое може во секој момент да се откаже власта без за тоа да се консултира со било кого и надвор од демократските процедури.
4. Дека дрвокрадството е легално кога тоа го прават тие кои се на власт.
5. Дека заштитените видови и нивните живеалишта немаат никакво значење кога се во прашање желбите на оние кои се на власт по принципот к*р ми е двор ми е.
6. Дека тие кои ќе ги исечат шумите ќе си остварат корист од тоа (Коце Трајановки е мачја кашлица во однос на оваа багра на мразачи на шумите).
7. Дека кога тоа сакаат тие кои се на власт може да донесат закони кои важат наназад (закони со ретроактивно дејство).
8. Дека просторниот план на Македонија е тоалет хартија без никаква вредност и значење.
9. Дека правата на работниците важат само до оној момент кога нема да дојдат во судир со интересите на оние кои се на власт.
10. Дека минералните суровини на државата се сопственост на партиите кои се на власт и со нив можат да располагаат без никакви ограничувања.
11. Дека правосудниот систем се прилагодува на потребите на партиите кои се на власт и за нив не важат судските процедури.
12. Дека нема потреба да се гради легално бидејки потполно се изедначени легалните и нелегалните градби и секој обид некој да се казни заради нелегална градба треба да се смета за дискриминација (со повикување на овој закон).
13. Дека кога тоа ќе го посакаат партиите на власт за нив нема да важат одредбите од Законот за градење.
14. Дека кога тоа ќе го посакаат партиите од власта за нив не важат одредбите од Законот за земјоделско земјиште.

Пратениците не смеат да ги изгласаат овие закони. Претседателот на државата не смее да ги потпише овие закони. Уставните судии мора веднаш да ги поништи. А Владата која ги предлага треба да падне под итно, порача Најческа.

Можете да прочитате

Крвав настан во Велес: Двојно убиство завршено со самоубиство

Универзална сала ќе се гради од октомври со 1 200 седишта и инвестиција од 20 милиони евра

По неколкумесечна борба, Сојузот на стопански комори доби нов претседател