Косовскиот премиер Албин Курти ѝ наредил на косовската специјална полиција да го засили своето присуство на северот од Косово спроти Велигден како форма на притисок врз Србите пред локалните избори закажани во четири српски општини на 23 април, пренесува „Ало“.
Како дел од т.н. План Б, односно акцијата „Чистач“ чија главна цел, според спрскиот медиум, е проерување на Србите од Косово, косовските специјални сили добиле јасно разработен план што опфаќа покривање на сите стратешки точки на северот од Косово – мостови, магистрални патишта, ридови по административната линија- како и дел од езерото Газиводе и браната.
Со засиленото присуство на вооружени специјалци, на кои треба да им се приклучат и припадниците на КБС, Курти наводно сака кај локалните Срби да испровоцира реакција што ќе му послужи како “алиби” за апсење и прогон на српското население кое одбива да гласа на локалните избори.
Според српските медиуми, т.н. План Б се состои од три фази, а првата почнала со апсењето на еден угледен српски лекар на преминот Јариње во саботата, забрана на натпреварите на српските спортски клубови и со напади на православните верски објекти со кои Курти наводно сака да им испрати порака на Србите да внимаваат како се однесуваат.
Исто во саботата бил провален и ограбен конакот на црквата Свети Јован која му припаѓа на метохот на манастирот Високи Дечани.
И Милован Дрецун, претседател на Одборот за Косово и Метохија при српското Собрание, алармираше дека се зголемува теророт на пипадниците на приштинските специјални сили над Србите на Косово, особено над децата, пишува спрски „Новости“.
Тој ја обвини Приштина за обид да изврши целосна милитаризација на северот од Косово, односно да го заземе северот не само со полициски, туку и со воени сили, посочувајќи дека очекуваат имтензивирање на теророт пред изборите што Приштина ги закажа на северот и пред претстојните Велигденски празници.
Според сведштвата на локалното население, трупањето полициски сили на северот од Косово веќе почнало и дека специјалци со фантомки и вооружени до заби го пресретуваат локалното население и ги претресуваат автомобилите и пешаците.
Според Ало, втората фаза од плаот на Курти го опфаќа предизборниот молк, но и самиот ден на изборите, 23 април, за кога се подготвува најмасовно присуство на полицијата и на припадниците на КБС на северот од Косово.
Третата фаза, според спрските медиуми, предвидува “чистење” на северот од Косово од српското население, но и удар врз српскте институции. Од почетокот на годинава, на Косово се забележани дури 37 етнички мотивирани напади врз Србите додека минатата година биле забележни 128 напади.