Новиот филм „Супер Марио Брос“ собори рекорди на киноблагајните постигнувајќи најуспешно глобално отворање на сите времиња за анимиран филм.
Семејниот филм – втора холивудска верзија на популарната Нинтендо видеоигра за Нинтендо инкасира 377 милиони долари (303 милиони фунти) на благајните низ светот во првите пет дена од прикажувањето, објави Би-би-си.
Ова го надмина претходниот рекорд од 288 милиони фунти кој го држеше „Фроузен 2“.
„Бројките се сензационални“, забележа аналитичарот Дејвид Грос, кој предвиде дека ова ќе биде филм број 1 во 2023 година“.
Во филмот „Супер Марио Брос“, гласот на италијанскиот водоводџија со мустаќи го позајмува Крис Прат, додека Џек Блек го глуми негативецот Боусер.
„Луѓето изгледа дека не им придаваат важност на критиките,“ напиша Памела Меклинток од „Холивуд репортер“.
„Филмот собори други рекорди, вклучувајќи го и најдоброто отворање на филм заснован на видеоигра и најдоброто отворање во 2023 година досега,“ вели таа.