Што треба да случи кај зградата на „Технометал“ за институциите да реагираат и да го запрат овој хаос кој предизвикува опасност за минувачите и станарите и го прикажува центарот на Скопје како да преживеал апокалипса?, прашуваат од Шанса за Центар.
„Повторно од неоградената зграда која е сопственост на фирмата „Буши фешн“ паѓаат делови кои се корнат од објектот. Сите прозорци се искршени, зјаат празни широки и длабоки дупки од кои се откорнати капаците, целиот простор е покриен со исршено стакло и отпад, а тарабите од недоградениот хотел на Бетон се паднати и не вршат никаква функција“, се наведува во написот објавен на социјалните мрежи.
Додаваат дека таква слика и викендот можеа да видат минувачите од кои добар дел, како што велат, и странски туристи.
„Дали се штити инвеститорот!? Кои се причините што граѓаните и посетителите на најстрогиот Центар на градот се ставени и оставени на ваков ризик по нивните животи. Повторно законите не важат еднакво за сите!“, се подвлекува во напишаното.