Утрински Весник
Спорт

Голчиште на Марсело на легендарната „Маракана“

Голчиште на Марсело на легендарната „Маракана“
Dik 300x250 mk

Бразилската легенда Марсело го освои својот прв трофеј по враќањето во матичниот клуб, Флуминенсе. До пехарот стигна благодарение на победата на неговиот тим над Фламенго од 4:1 во финалето на шампионатот на Рио де Жанеиро одиграно на „Маракана“.

dobivaj vesti na viber

Флуминенсе ја анулираа предноста на Фламенго од 0:2, од првиот меч и со вкупен резултат 4:3 стигнаа до титулата шампион на оваа бразислак сојузна држава.

Серијата голови ја отвори Марсело во 30. минута. Тој ја прими топката на работ од шеснаесетникот, доби дуел со двајца противнички играчи и потоа со одличен удар ја погоди противничката мрежа.

Следните два гола ги постигна Херман Кан (34′, 56′), додека четвртиот го постигна Александар (65′). Почесниот гол за Фламенго го постигна Аиртон во последните секунди од натпреварот.

Флуминенсе ја освои 33. титула шампион на државата Рио де Жанеиро, па следниот викенд во добро расположение ќе го дочека стартот на бразилското првенство.



Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја