Утрински Весник
Спорт

Незадоволниот Гордон одби да се ракува со тренерот

Незадоволниот Гордон одби да се ракува со тренерот

Њукасл, во јануари, на Евертон му платија 45 милиони евра за Ентони Гордон. Талентираниот фудбалер не успеа да се наметне во тимот на Еди Хау, досега одигра само седум натпревари без забележителен учинок. Поради лошата форма и скандалот што го предизвика во саботата, не е исклучено Њукасл да го продаде Гордон.

dobivaj vesti na viber

Њукасл славеа кај Брентфорд, а Гордон играше во второто полувреме. Не покажа ништо, па во самиот финиш менаџерот Хау реши да го замени со искусниот Мет Ричи.

Одлуката на менаџерот воопшто не му се допадна на Гордон, изнервиран тргна кон аут-линијата, а кога Хау сакаше да се ракува со него тој го оттурна својот тренер. Доби свирежеи од навивачите на Њукасл, а Хау уште еднаш го запре за да го смири пред да седне на клупата.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари