Утрински Весник
Свет

Торнадо остави хаос во Нов Зеланд

Торнадо остави хаос во  Нов Зеланд

Најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд, беше погоден од торнадо, два месеци по разорниот циклон „Габриел“, кој нанесе голема штета на земјата.

dobivaj vesti na viber

Службите за итни случаи во Окленд соопштија дека почнале да добиваат повици за „локален хаос“ околу 21 часот во неделата навечер, пишува „NZ Herald“.

Властите примиле повеќе од 30 повици, во кои луѓето пријавиле дека покривот им бил разнесен од куќата и дека се соборени дрвја.

„Во мојата област е морничаво, луѓето беа уништени кога ја видоа состојбата на нивните куќи и покриви, имаше голем страв кога го видоа обемот на штетата“, изјави жител за „Хералд“.

Засега нема информации за повредени.

Пожарникарите им помогнаа на жителите да стават церади на покривите во текот на ноќта, а официјалните лица рекоа дека најголемиот дел од штетата е направена на потегот помеѓу 11 улици.

Во Нов Зеланд денеска во период од 12 часа се забележани 14.000 удари од гром, а силен дожд го погоди Јужниот остров на таа земја, објави „Гардијан“.

Полицијата на градот Нелсон соопшти дека уште едно торнадо ја погоди областа „Aper Muter“, оставајќи 12 домови без покриви и еден станбен блок без струја.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков