Утрински Весник
Свет

Лавина во Словенија затрупа седум лица, има и повредени

Лавина во Словенија затрупа седум лица, има и повредени

Во популарниот ски-центар Мала Мојстровка во Словенија денеска се случи голема несреќа кога лавина „однесе“ седум лица. Иако првите информации беа дека животот го загубиле осум лица, набрзо полицијата излезе со информација дека седум лица се спасени, но се уште не се знае степенот на нивните повреди, известија од ПУ Нова Горица, а пренесуваат Словенске новице.

dobivaj vesti na viber

Исто така, не се знае од која националност се повредените.

Планински спасувачи, планинска полиција и полициски хеликоптери се на терен.

Управата за заштита и спасување на својата веб-страница објави дека планинската несреќа се случила во областа Бовац во 9 часот и 35 минути, пренесува Телеграф.рс.

Според словенечките медиуми, спасувачката акција е многу напорна, а сите планински спасувачи од дури четири планински спасувачки служби се повлечени Крањска Гора, Мојстране, Ратеч и Бовац за што побрзо да се извлечат од лавината седум лица, од кои најмалку тројца се тешко повредени.

Маглата ги спречува хеликоптерите да летаат, но тие се во подготвеност.

Можете да прочитате

Избувна пожар на Ајфеловата кула во Париз

Помеѓу осум и 16 отсто од населението на ЕУ се соочува со енергетска сиромаштија

Луксембург единствена држава во ЕУ каде жените се поплатени од мажите