Утрински Весник
Спорт

Браќата Вилијамс го поразија Еспањол

Браќата Вилијамс го поразија Еспањол

Атлетик Билбао го победи Еспањол со 2:0 во 28. коло од Примера. Екипата од Баскија до победата дојде со головите на браќата Вилијамс.

dobivaj vesti na viber

Игњаки го доведе својот тим во водство кога постигна гол во 22. минута од натпреварот.

Во 75. минута погоди помладиот од браќата Вилијамс, шпанскиот репрезентативец Нико.

Дардер во 90. минута му даде надеж на својот тим, но сепак Еспањол не успеа да се спаси од пораз.

Со оваа победа Атлетик Билбао скокна на седмото место со 40 бодови, додека Еспањол се 18. место со 27 бодови.

Можете да прочитате

Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година

Свечено пуштен новиот Спортско-рекреативен центар „Џексон“ во Штип

„Заншин До“ со четири медали и пласмани на светско и балканско првенство