Утрински Весник
Свет

(Видео) Ледена бура создаде хаос во Канада: Стотици илјади домови останаа без струја

(Видео) Ледена бура создаде хаос во Канада: Стотици илјади домови останаа без струја

Неколку стотици илјади домови во Квебек сè уште се без струја, два дена откако ледената бура ја погоди источна Канада, каде загинаа две лица, а беше предизвикана голема материјална штета, особено во Монтреал.

dobivaj vesti na viber

Околу 630.000 домови сè уште се во мрак, во споредба со 1,1 милион деновиве.

Од локалната електродистрибутивна компанија најавија дека повеќето од нив до крајот на денот повторно би требало да имаат струја.

Во Монтреал се отворени шест привремени центри за сместување за граѓаните чиишто домови се без струја.

Ледената бура ги погоди Квебек и Онтарио, двете најнаселени провинции во Канада.

Тоа е најголемиот прекин на електричната енергија во Квебек по ледената бура во 1998 година, која ја втурна провинцијата во хаос неколку недели.

Можете да прочитате

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција

Израел изврши воздушен напад врз главниот град на Јемен