Утрински Весник
Спорт

Криза е! Барса ќе побара сите фудбалери да се согласат на 15 отсто помала плата

Криза е! Барса ќе побара сите фудбалери да се согласат на 15 отсто помала плата
Dik 300x250 mk

Финансиската ситуација во Барселона го приморува водството на клубот да преземе радикални чекори во обид да заштеди 180 милиони евра за да може да регистрира играчи за следната сезона. Прв чекор ќе биде колективно намалување на платите на фудбалерите за 15 отсто, со што ќе се „ослободат“ околу 70 милиони евра од годишниот буџет на клубот, тврди „Релево“.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите кои имаат договор и по 2024 година, би добиле намалување на платата и „преметстување“ на долгот во подоцнежните сезони, а на фудбалерите чиј договор завршува во 2024 година, како Жорди Алба би му се понудило и едногодишно продолжување на договорот.

Покрај сите проблеми, преселбата на „Монжиук“ додека трае обновата на „Ноу Камп“ ќе значи дека клубот ќе загуби на 90 милиони евра од потенцијална заработувачка преку продажба на билети.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен