Дел од парите од продажбата на Челси од страна на Роман Абрамович на американскиот конзорциум предводен од Тод Бели кои беа наменети за Украина уште не стигнале во оваа земја, речиси една година по зделката, тврди британскиот „Дејли мејл“.
Рускиот милијардер беше приморан да го продаде Челси по санкциите кои ги доби од британскат влада, и Американците платија 4.25 милијарди фунти за лондонскиот клуб, од кои 2.34 милијарди фунти требаше да одат како помош за Украина по војната со Русија. Парите остануваат „замрзнати“ на британска банкарска сметка, чекајќи административна одлука на британската влада.
Челси ќе бидат домаќини на добротворен меч за Украина во август на „Стемфорд Бриџ“, на кој ќе играат фудбалери од Украина како Михајло Мудрик од Челси и Олександер Зинченко од Арсенал.