Утрински Весник
Свет

Украина се огласи за тајните амрикански воени планови

Украина се огласи за тајните амрикански воени планови

Протечените доверливи документи со детали за плановите на САД и НАТО да му помогнат на Киев се чини дека се руска операција за дезинформации, со цел да се подигне сомнеж за планираната украинска контраофанзива, изјави украинскиот официјален претставник. Михајло Подољак за Ројтерс. Тој рече дека документите што ги објави Њујорк Тајмс содржат многу голема количина на фабрикувани информации.

dobivaj vesti na viber

„Ова се само стандардни елементи на оперативните игри на руското разузнавање и ништо повеќе“, рече Подољак.

„Њујорк тајмс“ во четвртокот објави дека Пентагон истражува како документите со детали за плановите за зајакнување на украинската војска за планирана офанзива биле објавени оваа недела на социјалните мрежи.

„Русија ги бара сите начини да ја врати иницијативата. Се обидува да влијае на сценаријата за украинските контраофанзивни планови. Да внесе сомнежи и најпосле да не исплаши колку тие се ‘информирани’“, додаде тој.

Украинските сили со месеци се соочуваат со руски напади на истокот на земјата, концентрирани околу градот Бахмут. Украина се надева дека ќе започне контраофанзива во наредните недели или месеци за да ја врати територијата.

„Њујорк тајмс“ објави дека се чини оти документите се модифицирани во одредени делови, односно нивната содржина е малку изменета во однос на она што било во оригиналите. Во еден дел е претставена проценка на загубите на украинската војска, но таа е далеку поголема од досегашните достапни западни проценки. Украина не го открива обемот на загубите и е многу чувствителна по тоа прашање.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници