Утрински Весник
Македонија

Лога со поддршка за општина Центар за изнаоѓање законско решение за конфискација на изградени објекти со бесправен статус

Лога со поддршка за општина Центар за изнаоѓање законско решение за конфискација на изградени објекти со бесправен статус

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за изнаоѓање законско решение за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна ре-употреба, информираат од неговиот кабинет.

dobivaj vesti na viber

Целта на иницијативата, како што се појаснува, е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата.

Додаваат дека за реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија: Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.

Можете да прочитате

Притвор и кривични по крвавата пресметка во Аеродром – двајца тешко повредени

Од трагедијата во „Пулс“ до признание во Стокхолм: Награда за херојството на Јован

Македонија повторно на Евровизија по пет години пауза