Утрински Весник
Свет

Вооружен маж се обидел да упадне во руското Министерство за одбрана во Москва

Вооружен маж се обидел да упадне во руското Министерство за одбрана во Москва

Според руските медиуми, вооружен маж се обидел да упадне во руското Министерство за одбрана, кое се наоѓа во строгиот центар на Москва.

dobivaj vesti na viber

Агенциите за спроведување на законот го пријавиле инцидентот во ТАСС наведувајќи дека мажот е фатен.

Инцидентот се случил во близина на главната зграда на Министерството за одбрана. Маж, кој носел пиштол, се обидел да влезе во Министерството гласно викајќи и мавтајќи со оружјето.

„Човекот набргу беше фатен, но не можеше да ги објасни мотивите на својот чин“, изјавил изворот за ТАСС.

Во инцидентот нема жртви. Според изворот, пиштолот бил одземен, а мажот бил префрлен на распит во психијатриското одделение.

Можете да прочитате

Стампедо во храм во Индија, седум лица загинаа

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан