Утрински Весник
Македонија

Меџити ќе вработува медицинари, но чека да му кажат каков кадар недостига

Меџити ќе вработува медицинари, но чека да му кажат каков кадар недостига

Нови вработувања во здравствените институции ќе има откако сите ќе се изјаснат кој кадар им недостасува, најави денес министерот за здравство Фатмир Меџити. Здравствените работници, според министерот Меџити, многу скоро ќе го добијат и ветеното покачување.

dobivaj vesti na viber

„Зборуваме со сите засегнати страни, и со Министерството за финансии и со Фондот за здравствено осигурување и со Владата, со сите министри и ќе најдеме решение. Прво ни треба една стратегија, да направиме програми. Сме побарале од сите здравствени институции во Македонија да ни достават колку им се потребите и барањата за какви кадровски решенија да има во ова систематизација, за да има функционалност и нормално знаејќи ја финансиската состојба на државата, нормално дека треба да се адаптираме кон тоа. Дали ќе има вработување, да ќе има, не можам да ви кажам дека утре ќе бидат тие, но ние ќе се потрудиме во најкус можен рок тоа да биде“, рече министерот Меџити.

Министерот Меџити вели дека има решенија за ветеното покачување на платите на здравствените работници од кои сите ќе бидат задоволни.

„Да, тоа што ветивме ќе биде. Мислам дека ќе излезат сите задоволни, но нема да застанеме тука. Ќе ги видиме сите можности финансиски, еве излегуваме од економската криза, пост-ковид кризата во државата и ќе видиме што понатаму. Здравствените работници секогаш треба да имаат повисоки примања“, најави министерот Меџити на свеченоста за Светскиот ден на здравјето кој се поклопува со 75-годинината од формирањето на Светската здравствена организација.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа