Утрински Весник
Свет

Му забила нож во градите на сопругот, па му кажала дека го сака

Му забила нож во градите на сопругот, па му кажала дека го сака

Во текот на вербалниот и физичкиот конфликт жена го пробола со кујнски нож својот маж.

dobivaj vesti na viber

Настанот се случил на кобниот 12.2.2021 година, околу 21.10 часот, во околината на Загреб, во станот во кој живееле невенчаните сопружници со нивните две деца.

За полицијата, а потоа и за Жупаниското државно обвинителство во Загреб, кое го поведе обвинението, обид за убиство е потегот на жената која со нож го прободе партнерот во градниот кош и му нанесе убодна рана со повреда на белите дробови.

Но, по судската постапка, во која нејзините роднини, почнувајќи од повредениот партнер, ја искористиле предноста да не дадат исказ и по вештачењата, судскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб, 39-годишната С.Б. ја ослободува од вина.

„Повредата на жртвата може да се припише на комбинација од несреќни околности во времето кога обвинетата го држела ножот. Не е спорно тоа што сопругот на обвинетата бил прободен со нож во градите и добил тешка повреда. При увидот на површината на шпоретот бил пронајден нож со траги од крв. Беше спорно дали обвинетата го избола нејзиниот сопруг со цел да го убие. За време на настанот немало сведоци, па биле сами во станот во кој имало и малолетни деца, кои спиеле. Веднаш по настанот, во 21.27 часот, таа се јавила на 112 од својот телефон барајќи итна медицинска помош поради повреди на сопругот на домашна адреса. Притоа изјавила дека тој бил свесен, дека дивее и дека бил пијан. Во заднина се слуша гласот на жртвата како вели: „Те сакам“, а обвинетата одговара: „И јас те сакам, љубов моја“, рече претседателот на судскиот совет објаснувајќи ја ослободителната пресуда.

Таа потоа додава дека полицијата пристигнала на местото на настанот по дојава од друго лице, кое кажало дека син и снаа се степале.

„Социјалниот работник ги презеде нивните две деца, кои поради целата ситуација, поминаа цела година во домот. Утврдено е и дека жртвата имала 1,75 промил крв во моментот на инцидентот и дека обвинетата била трезна, но под дејство на марихуана. Во своја одбрана обвинетата одговараше само на прашањата на бранителот, но не и на прашањата на обвинителот. Бидејќи било важно да се утврди како го држи ножот, таа на вештакот во судницата му покажала дека нејзиниот палец е на горниот дел од рачката, а малиот прст на сечилото од ножот, па вештакот рекол дека оштетената може да се повреди на тој начин“, објаснил понатаму судијата наведувајќи дека судот прифатил дел од исказот на жртвата во тој дел, но не и во делот во кој таа рекла дека жртвата брутално ја претепала. Иако кај обвинетата не се констатирани повреди, сепак судот смета дека тоа не значи оти немало физички напади врз неа.

Во своја одбрана обвинетата откри дека ѝ било тешко сето тоа да го помине.

„Тоа беше едно од најтешките искуства во мојот живот бидејќи мислев дека таткото на моите деца умира. Во тие денови сите имавме корона, освен тој, и тој ден излегов од самоизолација. Двете недели во кои се избегнувавме поради короната, тој беше пијан, а вообичаено не пие. Стана многу љубоморен и спомнуваше некои луѓе. И таа вечер мојот сопруг нешто мрмореше и ме навредуваше. Децата спиеја, а јас отидов да пушам џоинт. Подоцна, додека бев во бањата, добив порака. Го зеде мобилниот телефон и ме праша кој ме чека. Не знам дали навистина нешто такво пишувало во пораката, но тој влезе во бањата и ме тепаше со тупаници по главата и лицето“, рече во своја одбрана обвинетата С. Б. наведувајќи дека првпат физички ја нападнал.

Расправијата продолжила во ходникот, каде што, според описот на обвинетата, ја удрил со цревото од правосмукалката.

„И кога ја оттурна масата на која беа работите, извадив кујнски нож од масата, што изгледаше опасно бидејќи е назабен и остар. Не ми беше намерата да го повредам, па истрчав надвор низ ходникот. Се сретнавме на скалите, тој застана пред мене и ме удри, а јас цврсто го држев ножот во левата рака, со сечилото надолу. Не знам зошто не го испуштив, а кога ме оттурна, се одбранив и несвесно го кренав ножот. Во тој момент тој стоеше пониско од мене, па ме повлече кон себе за раката во која го држев ножот. Се сопна и клекна. Не ни сфатив дека тогаш е избоден. Само ми рече: „Види што ми направи и врескаше“, понатаму се бранеше обвинетата С. Б. додавајќи дека по тоа, само колабирал и бил во несвест неколку минути.

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен