Утрински Весник
Македонија

(Видео) Од успешно претпријатие до фирма загубар – директорот Гулабоски го носи „Водовод и канализација“ во пропаст

(Видео) Од успешно претпријатие до фирма загубар – директорот Гулабоски го носи „Водовод и канализација“ во пропаст

Завршната сметка на „Водовод и канализација“ за 2022 година покажа дека првпат во своето постоење како самостоен субјект јавното претпријатие бележи загуби во висина од 8.160.000 денари, реагираат од ОО СДСМ – Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Ако на оваа сума, како што појаснуваат, се додадат и оние 3.900.000 денари добивка со кои претпријатието ја заврши 2021 година, тоа значи дека за 17 месеци директорување со ЈКП „Водовод и канализација“, Игор Гулабоски направил финансиска дупка од 12 милиони денари.

Дополнително, оценуваат од СДСМ – Прилеп, ненамирените обврски кон доставувачот изнесуваат околу 9 милиони денари, со што ова јавно претпријатие е доведено на работ на егзистенција.

Неговото недомаќинско и нестручно работење, како што додаваат, се гледа и во неразумното и неоправдано унапредување на десетина партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ, кои дополнително ги награди со високи плати во висина од 1.000 евра.

Гулабоски, велат од владејачката партија, измисли и нови работни места за удомување актуелни функционери на ДПМНЕ и нивни блиски роднини.

„Директорот на јавното претпријатие не го исполни ниту изборното ветување на својот другар Борче Јовчески за намалување на цената на водата. Напротив, дополнително ја зголеми. Во претходниот период драстично се зголемени трошоците за гориво и за сервисирање на возилата, како и трошоци за реклама и пропаганда.

Меѓутоа, она што треба да се потенцира и што најдобро ја покажува неспособноста на Гулабоски да го менаџира до неодамна најуспешното јавно претпријатие во Прилеп се официјалните бројки за сработеното во неговиот мандат.

А тие велат дека во изминатите 17 месеци, ЈКП „Водовод и канализација“ успеало да изгради 2 км водоводна и дури 170 метри канализациска мрежа!“, беше истакнато на денешната прес-конференција.

Вакво неработење и вакви поразителни резултати на едно јавно претпријатие, како што истакнуваат, не се паметат. Според нив, единствена причина што Гулабоски сè уште е директор на „Водовод и канализација“ е што е другар на градоначалникот Јовчески.

„Поради сето погоре кажано, Игор Гулабоски треба сега и веднаш да поднесе неотповиклива оставка. Ако тоа не го направи, тогаш градоначалникот Јовчески има обврска да покаже одговорност и во насока на заштита на јавниот интерес, да го разреши директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, додаваат од ОО СДСМ – Прилеп

Можете да прочитате

Дали за уништувањето на македонското знаме награда ќе биде назначување за прв пат на Албанец директор на Филхармонија?

Тошовски: Ќе одговориме жестоко на сите обиди за дестабилизација на Македонија

Поплава од македонски знамиња на профилите на функционерите од СДСМ