Утрински Весник
Свет

Турција: Шведска да ги исполни своите обврски што поскоро за влез во НАТО

Ердоган: Претседателски и парламентарни избори во Турција на 14 мај

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денеска му рекол на американскиот колега Лојд Остин дека членството на Финска во НАТО ја покажува поддршката на Анкара за проширувањето.

dobivaj vesti na viber

Тој изрази надеж дека Шведска ќе ги исполни своите обврски што е можно поскоро.

Како што соопшти турското Министерство за одбрана, за време на разговорот двајцата министри разговарале и за важноста за брзо завршување на барањето на Турција за набавка и модернизација на борбени авиони Ф-16, пренесе Ројтерс.

Како што претходно пишуваше „Волстрит џурнал“, Турција треба да купи 40 нови ловци Ф-16 во вредност од 20 милијарди долари, како и комплети за ремонт на постоечките 79 такви авиони во турската флота.

 

Можете да прочитате

Трамп соопшти дека Кина ќе купи 200 авиони „Боинг“, а нарачката би можела да достигне и до 750

И Уганда прогласи жариште на ебола

ФБИ нуди 200.000 долари награда за поранешна американска разузнавачка која пребегна во Иран