Утрински Весник
Свет

(Видео) Украинската војска објави видео од борбите во Бахмут

(Видео) Украинската војска објави видео од борбите во Бахмут

Украинските специјални сили објавија видео од своите борци кои учествуваат во борбите за источниот град Бахмут.

dobivaj vesti na viber

„На видеото се гледа само мал дел од работата што нашите војници ја вршат во самиот град, онаа што може да се покаже на јавноста. Борбата за градот продолжува“, се вели во описот на видеото, кое е објавено на фејсбук-страницата на украинските специјални сили.

Од август 2022 година Русија се обидува да го освои Бахмут, каде што се соочи со жесток украински отпор.

Водачот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, тврдеше дека неговите војници го контролираат центарот на градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили ќе се повлечат од Бахмут за да избегнат опкружување доколку е потребно, но сè уште не ја проценува потребата од тоа.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари