Утрински Весник
Македонија

Нема можност, ниту волја некој од надвор да се вклучи во уставните промени, кажа Ковачевски за барањето на Софија

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нема волја, ниту начин Бугарија да се вклучи во носењето на уставните промени, со кои Бугарите ќе бидат дел од македонскиот Устав. Ова го посочи премиерот Димитар Ковачевски, откако бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера кажа дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во постапката за впишување на Бугарите.

dobivaj vesti na viber

„Барањето на Бугарија во однос на нивното учество, изјава даде министерот за надворешни работи. Тоа е во согласност со тоа што јас го мислам и го кажав. Процесот на уставни измени е внатрешно прашање на државата, која обврска е поврзана со преговорите со ЕУ. Не постои можност, ниту начин, ниту политичка волја било кој од надвор да се вклучи во овој процес“, посочи Ковачевски.

Претходно, МНР излезе со иста реакција, како онаа на Ковачевски.

Можете да прочитате

Ратификацијата на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија пред пратениците

Сообраќајот без застои, магла кај Демир Капија

Наутро магла, сончево со умерена облачност преку ден