Утрински Весник
Свет

Путин: Киев е циничен и суров, ги убива и своите војници

Путин со нова порака до Западот: Се е на хартија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Киев ги уништи сопствените војници и се однесува крајно цинично и сурово, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Тој го коментираше нападот на Украина на линијата на фронтот каде имаше неколку украински војници кои се предадоа.

На средбата со вршителот на должноста гувернер на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин, Путин изјавил дека група украински војници вчера била опколена во близина на линијата на фронтот и оти верува дека имало 14 украински војници кои се предале.

„ Но, веќе беше доцна, нашите луѓе оставија неколку војници со нив и не ги ни чуваа, за утрово да ги извлечат од борбената зона. Непријателот погоди едно место со 300 гранати и ги уништи сите негови војници. За жал загуби и нашиот народ, но не ги штеди ниту своите. Тие се однесуваат крајно цинично и сурово – истакна Путин.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски