Утрински Весник
Свет

Девојчето од Русија кое нацрта антивоен цртеж и заврши во дом, се соочува со битка за старателство

Девојчето од Русија кое нацрта антивоен цртеж и заврши во дом, се соочува со битка за старателство

Рускиот суд денеска ќе одржи рочиште за старателството на 13-годишното девојче Маша, кое беше принудено да оди во дом за деца, откако нацрта антивоен цртеж што поттикна истрага, а потоа и осудување на нејзиниот татко за дискредитација на вооружените сили.

dobivaj vesti na viber

Проблемите за Алексеј Москаљов, самохран родител, започнаа откако неговата ќерка минатата година нацрта цртеж на училишен час по уметност на кој беа прикажани руски ракети кои летаат кон Украина и паролите „Слава на Украина“ и „Не на Путин, не на војна“.

Средното училиште број 9 во Јефремов, 290 километри јужно од Москва, ја известило полицијата која разговарала за ова прашање и со Москаљов и со неговата ќерка, тогаш 12-годишна.

Социјалните служби се вклучија и Москаљов беше обвинет за лошо родителство и казнет. Тој беше обвинет за дискредитација на руските вооружени сили во објавите на социјалните мрежи. Тој рече дека неговиот профил бил хакиран.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот