Барселона синоќа го доживеа најтешкиот пораз на домашен терен во Ел Класико од 1963 година. Реал победи на „Ноу Камп“ со 4:0 и со вкупен резултат 4:1 избори пласман во финалето на Купот.
„Тешко дека ќе можам да ја сварам оваа ноќ. Ова навистина боли, но имаме лига каде што сме први и мора да се вратиме, мора да реагираме. Одигравме многу подобро, но резултатот не го покажува тоа. Страшен е овој пораз“, изјави по натпреварот тренерот на Барселона Чави, додавајќи дека вториот гол бил клучен:
„Во првото полувреме бевме многу добри, но во транзиција Мадрид постигна гол за 1:0. Вториот гол не уби. Штета, мора да бидете самокритични и морам да кажам дека одигравме многу лошо второ полувреме“.