Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за идејата за конфискација на дивоградбите: Мора да се знае кој гради, кој злоупотребува функции

ВМРО-ДПМНЕ за идејата за конфискација на дивоградбите: Мора да се знае кој гради, кој злоупотребува функции

Идеите за конфискација на дивоизградените објекти од страна на локалните самоуправи е идеја и иницијатива која е стара многу години и ние во принцип истата ја поддржуваме, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Сметаме, додаваат од таму дека сите дивоградби треба да се конфискуваат и да се стават на располагање на општините на чија територија се наоѓаат, каде истите би процениле што да прават со истите и како да постапат (да ги доградат, стопанисуваат со нив или целосно отстранат).

„Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ смета дека иницијативата на градоначалникот на Центар, која превидува измени во Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочна постапка, мора да биде спроведена паралелно со посериозни постапки и измени во законите за испитување на потеклото на имоти, кое ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира во првите месеци по доаѓањето на власт“ е потенцирано во информацијата.

„Мора да се знае кој гради, кој злоупотребува функции и поткупува службеници и политичари и со истите соодветно да се постапи. Не може функционери на СДСМ и ДУИ да кријат имоти и по неколку години на власт да станат сопственици на луксузни вили и хациенди, како што се Артан Груби, Петре Шилегов, Славјанка Петровска и Дарко Каевски и многу други. Законот мора да биде фер и еднакво да ги третира“, се подвлекува во напишаното од страна на оваа партија.

Можете да прочитате

Савески и Палминтери на средба за зајакнување на соработката во владеењето на правото

Фондот бара решение за техничките проблеми при исплата на породилното боледување

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина