Утрински Весник
Македонија

Османи: Отворените врати на НАТО и проширувањето на ЕУ се значаен влог во безбедноста

Османи: Отворените врати на НАТО и проширувањето на ЕУ се значаен влог во безбедноста

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на дводневниот НАТО Министерски состанок, што се одржа во Брисел, во светло на присоединувањето на Финска во Алијансата, со што беше демонстрирано силно единство на сите сојузници и цврста поддршка на политиката на отворени врати на НАТО.

dobivaj vesti na viber

„Ова е историски момент за цела Алијанса, што не прави уште посилни и побезбедни, како и значаен чекор за трансатлантското единство. Членството на Финска претставува добра порака за сите земји аспиранти кои ги делат истите вредности. Очекуваме и Шведска да ни се придружи во трансатлантското семејство пред НАТО Самитот во Вилнус” рече Османи.

Воедно, Османи ја нагласи потребата од зајакнат ангажман на НАТО и ЕУ во земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека политиката на отворени врати на НАТО и проширувањето на ЕУ претставуваат значајни политики за зачувување на целокупната регионална и европска стабилност.

Во разговорите, министрите за надворешни работи се осврнаа на политичките и безбедносните предизвици со кои се соочува Алијансата, како и на подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Вилнус.

И во оваа прилика беше истакната силната обединетост на сите земји сојузници во осудата за руската воена агресија, како и одлучноста за зајакнување на политичката и практичната поддршка за Украина. Конкретно беа разгледани можностите за зголемување на финансиската поддршка за Украина преку Сеопфатниот Пакет за Поддршка, како и потребите на Украина за пост-конфликтно оправување и реконструкција.

Можете да прочитате

МНР: Нема информации за повредени или загинати македонски државјани во вчерашниот инцидент во Германија

ЈП Македонија пат: Сите патни правци во државата се проодни

СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Денешното утро донесе најниска температура од -6 степени, снежната граница се спушта!