Утрински Весник
Спорт

Понуда од соништата: Ал-Хилал му нуди 400 милиони евра годишно на Лео Меси

Понуда од соништата: Ал-Хилал му нуди 400 милиони евра годишно на Лео Меси

Иднината на Лионел Меси и понатаму е нејасна, а последните информации за Аргентинецот се поврзани со нова неверојатна понуда од Саудиска Арабија. Еден од локалните гиганти, Ал-Хилал, му понудил на Меси годишна плата од 400 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

И покрај неверојатната сума, 35-годишниот ас нема намера да тргне по стапките на Кристијано Роналдо, кој потпиша со друг клуб од Саудиска Арабија, Ал-Наср. Желбата на Меси е да продолжи да игра на највисоко ниво во Европа.

Светскиот шампион е сѐ поблиску до разделба со Пари Сен Жермен. Неговиот договор истекува на лето и се чини дека нема да се постигне договор за неговото продолжување. Од друга страна, Барселона прави сѐ за да ги обезбеди потребните финансии за враќање на Лео на „Камп Ноу“.

Можете да прочитате

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос