Утрински Весник
Спорт

Јовиќ: Со одлична одбрана креиравме позиции за лесни голови

Јовиќ: Со одлична одбрана креиравме позиции за лесни голови

Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија убедлива победа (37:29) над Татран Прешов во првиот четврт-финален дуел од СЕХА лигата. Битолскиот тим треба да патува и на реванш во Словачка, но тренерот Александар Јовиќ е задоволен од играта и триумфот.

dobivaj vesti na viber

„Имавме одличен ангажман во фаза на одбрана, бевме агресивни, ги затворивме сите нивни акции што ни донесе ленси голови во транзиција. Голема благодарност до играчите за ангажманот и желбата за победа што ја покажаа против квалитетен ривал“, рече Јовиќ кој ја замоли публиката за поддршка во следните два месеци во битките кои ги очекува битолските „зелено-бели“.

„Сакам да искажам благодарност до публиката што дојде до толкав број. Но, би сакал да ги замолам и да им кажам дека нам во овие два месеци ни се потребни сите играчи. Многу ја сакам Битола, го сакам клубот и мислам дека заедно имаме големи шанси да ги оствариме целите. Затоа би замолил овие два месеци да се сплотиме. Хосни ни е потребен како играч, и моја молба до публиката е да ни даде поддршка и јас ветувам дека нема никој да ги изневери“, изјави Александар Јовиќ.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари