Утрински Весник
Свет

Историски момент во САД, Њујорк подготвен за судењето на Трамп

Историски момент во САД, Њујорк подготвен за судењето на Трамп
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се појави пред судот во Њујорк. Тој денеска ќе биде обвинет и формално ќе биде уапсен.

dobivaj vesti na viber

Процедурата би требало да биде брза и рутинска, при што ќе му бидат земени отпечатоци од прсти, ќе се фотографира за архивска евиденција и ќе се изјасни дали е виновен, што за САД претставува историски момент, објави Си Ен Ен.

Трамп стана првиот актуелен или поранешен претседател на САД кој се соочува со пбвинение за кривично дело, поради случајот со поткуп на порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година во замена за нејзино молчење околу врската со Трамп.

Тој тврди дека е невин и дека ќе се изјасни за невин на суд.

Трамп треба да пристигне во судницата во центарот на Менхетен во попладневните часови според источноамериканско време. Неговото апсење ќе биде процесуирано од окружното обвинителство и ќе биде изведен пред суд, каде ќе му бидат прочитани обвиненијата против него.

Поддржувачи и противници на Трамп се собираат пред судот, а полицијата ги раздвојува. Има многу полиција, но и новинари, фоторепортери и сниматели.

Трамп денеска првпат се огласи на својата социјална мрежа Truth Social. Во објавата побара денешното рочиште да се премести на друга локација.

Можете да прочитате

Двегодишно дете од Бразил загина по напад од пирани

ТЕПКО ќе ја рестартира најголемата нуклеарна централа во светот

Повеќето Руси очекуваат војната во Украина да заврши во 2026 година