Утрински Весник
Спорт

Елче поднесе жалба за настапот на Гави

Елче поднесе жалба за настапот на Гави

Елче, последнопласираниот тим во Ла Лига, испратил официјална жалба до Комитетот за спорт на Шпанската фудбалска федерација за натпреватот против Барселона, објавија шпанските медиуми. Според домаќините, во поразот од 0:4 против Каталонците, за противникот играч „недозволен“ играч.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за Гави, на кого неколку дена претходно конечно му беше одбиена регистрацијата во Ла Лига како првотимец на Барселона. Така, од Елче се повикуваат на член 141 од правилникот на Фудбалска федерација на Шпанија, според кој „фудбалерите на кои им е одбиена регистрацијата не можат да играат повеќе за дотичниот тим во текот на истата сезона“.

Интересно, жалбата е поднесена на само три минути пред истекот на рокот, иако клубот пред два дена изјави дека е подготвен да го стори тоа. Гави одигра 68 минути во саботниот меч меѓу двата тима, забележувајќи асистенција за третиот гол на својата екипа, а исто така доби и жолт картон.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ