Утрински Весник
Македонија

Зечевиќ на средба со ИФЕС: СДСМ ја има клучната улога во демократизација и европеизација на државата

Зечевиќ на средба со ИФЕС: СДСМ ја има клучната улога во демократизација и европеизација на државата

Генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски заедно со потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев се сретна со Јоана Косма директорка на ИФЕС Фондацијата. На средбата се зборуваше за повеќе актуелни општествено политички теми, како и за процесот на евроинтеграција на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Зечевиќ се заблагодари за досегашната поддршка што ИФЕС ја дава на СДСМ, особено во делот на зајакнување на капацитетите и поголем степен на транспарентност и инклузивност на партијата.

„Поддршката што ние како СДСМ од вас ја добиваме е постојана, конкретна и дава одлични резултати. СДСМ денес е најголемата, најпрогресивната и најотворената партија во државата, а демократизацијата на нашата партија, придонесе и за демократизација на целото наше општество. Пред нас е процес на европеизацијата на државата, а предводник како и во многу други успеси, повторно има СДСМ. Секако за сите овие процеси, важна улога има и соработката со докажаните и успешни меѓународни организации каква што е и ИФЕС“ порача Зечевиќ.

На средбата заеднички беше заклучено дека соработката во претстојниот период дополнително ќе се интензивира, преку градење на капацитетите во партијата, особено во делот на партиските комисии, Младината и работата на Центарот за истражување и анализи на СДСМ.

Можете да прочитате

(Видео) Груевски го гледаше ракометниот натпревар Македонија – Турција

Снегот предизвика хаос: Прекини на струја и блокирани патишта во Битола

Тотален колапс на македонските патишта по денешниот снег