Утрински Весник
Македонија

Две лица завршиле со повреди во судир на сканија и патничко возило

Две лица завршиле со повреди во судир на сканија и патничко возило

Вчера попладне во 18.45 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканија“, управувано од Т.Р.(51) од с.Возарци, кавадаречко и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.М.
(22) од с.Сопот, кавадаречко, двете со кавадаречки регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило М.М., а со телесни повреди се здобил Т.Р., констатирани во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Можете да прочитате

Стружанец починал по пад во ископ за бунар

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица

ДОМ: Природните ресурси се подаруваат на големиот бизнис, додека граѓаните плаќаат гориво над 100 денари!