Барселона, во саботата, лесно славеше во Елче (4:0) и на 12 кола до крајот на Примера ја задржа предноста од 12 бода во однос на Реал Мадрид. По натпреварот, шпанските медиуми се занимаваа со односот кој тренерот Чави го има кон Ансу Фати.
Односот на Чави и Фати е нарушен откако неговиот татко изјави дека неговиот син заслужува повеќе минути на теренот и дека само Чави знае зошто Ансу не игра повеќе.
Ансу Фати го постигна третиот гол во Елче. Тоа беше негов прв гол уште од октомври минатата година и прв по пауза од 14 натпревари.
Сепак, главна тема во шпанските медиуми е односот меѓу него и тренерот Чави, кој се чини дека е неповратно нарушен. Медиумите тврдат дека младата ѕвезда е блиску до заминување од Барселона.
Медиумите го анализираат моментот кога Фати беше заменет. Лави не се поздрави со играчот. Многумина шпекулираа дека Чави едноставно не го видел, но видеото кое се појави ги демантира тие тврдења.
Чави го виде Фати. Играчот го погледна и чекаше поздрав од својот тренер, но тој не го направи тоа. Тој беше единствениот играч кој Чави не го поздрави по напуштањето на играта. 20. годишниот фудбалер има договор со Барселона до јуни 2027 година, но се чини дека би можел да замине уште ова лето.