Утрински Весник
Македонија

(Видео) За Марјан од „Доказ М“, изречената казна е висока, ќе бара и укинување на притворот оти има шеќер

(Видео) За Марјан од „Доказ М“, изречената казна е висока, ќе бара и укинување на притворот оти има шеќер

Адвокатката Марјана Најдова-Петрезанова, која е бранител на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“, по пресудата, посочи дека ќе се жалат на Апелација. Смета дека казната од три години и еден месец е висока и покрај тоа што максимумот што му се заканува за петте кривични дела за кои се гонеше Стаменковски е 14 години затвор.

dobivaj vesti na viber

„Бевте присутни и вие од медиумите, ја слушнавте пресудата. Ова, за нас, не е конечна пресуда, ќе го искористиме, дефинитивно, законското право да вложиме жалба во однос на неа. Сметаме дека е изречена висока казна за дела што во текот на целата постапка како одбрана наведувавме дека нема елементи за нив, не се исполнети законските битија.

Ќе вложиме и жалба на решението за продолжувањето на притворот, најави адвокатката.

„Навистина му е влошена здравствената состојба, тој има добиено шеќер, влегува во група на инсулинска терапија, каде што, дефинитивно, третманот не може да биде соодветен во условите во кои се наоѓа“.

Прашана како гледа на текстовите за кои Марјан Стаменковски е осуден, адвокатката рече: „Седната сум на клупа со обвинетиот како негов бранител и адвокат. Затоа сум и таму – за професионално вршење на оваа работа. Се слушаа како искази на сведоци така и репродуцирање на насловите. Но, во однос на нив дека постојат елементи за чисти навреди и клевети од страна на оштетените до ден-денеска не беа поднесени соодветни граѓански постапки за граѓанска одговорност“.

На укажувањето дека Марјан Стаменковски бил и тужен во граѓанска постапка, но бидејќи е безимотен, немало од каде да се наплати штета, адвокатката рече: „Конкретно, за овие новинари и оштетените во постапката, не претходеа постапки за граѓанска одговорност. За другите не сме запознаени“.

Адвокатката беше прашана и како таа би реагирала и дали ќе сметала дека казната за Марјан Стаменковски е висока ако и таа била предмет на неговите текстови, на што одговори: „Доколку тоа би се случило, дефинитивно, доколку постоеле и законски услови, ќе сум ги презела мерките во согласност со законот“, рече таа.

Претходно, судијката Марија Клетничка-Марковска му изрече казна од три години и еден месец за пет кривични дела на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“. Му изрече и забрана за вршење дејност. Посочи дека сите регистрирани домени во „Марнет“ на негово име ќе треба да се избришат, а во наредните 10 години ќе не може да регистрира нови.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!