Утрински Весник
Свет

Трамп денеска во суд – ќе признае вина или ќе биде сослушан

Трамп не се појави да сведочи пред комисијата на Конгресот

Се очекува Доналд Трамп да пристигне во судот на Менхетен во 12:30 часот. Овде ќе му земат отпечатоци и ќе го сликаат. Инспекторите потоа ќе ја пополнат документацијата за апсење и ќе проверат дали има отворени кривични пријави или налози против него.

dobivaj vesti na viber

По приведувањето, поранешниот американски претседател ќе се појави пред судијата околу 20:15 часот по наше време. Тоа значи дека судијата ќе му ги прочита обвиненијата против него и ќе побара од него да ја признае вината. Тоа ќе се случи во истата судница каде минатата година неговата компанија беше осудена за даночна измама.

Се очекува Трамп да се изјасни за невин, а доколку го стори тоа, судијата ќе закаже дополнително сослушување или судење.

Трамп треба да се врати на својот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида во среда во 2:15 часот по средноевропско време, каде што ќе им се обрати на медиумите.

Можете да прочитате

Американската крајбрежна стража трага по авион со шест лица кој летал од Бермуди до Бостон

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти

Околу 19.000 луѓе протестираа во Германија барајќи поправедна социјална политика и поголема заштита на климата