Утрински Весник
Свет

(Видео) Трамп пристигна, немири се најавуваат, Бајден не стравува

Трамп: Прво тенкови, па потоа нуклеарно оружје
Dik 300x250 mk

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Њујорк, а медиумите јавуваат дека полицијата поставила барикади.

dobivaj vesti na viber

Трамп треба да се појави пред окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, каде најверојатно ќе му бидат земени отпечатоци од прст пред да се појави пред судијата – да се изјасни за невин.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера замина од Флорида за Њујорк, за да се соочи со обвинувањата дека купил порно ѕвезда со пари од неговата прва претседателска кампања.

И додека судиите одлучуваат дали читањето на обвинението треба да биде јавно објавено, што ќе се знае утре, мала група поддржувачи попладнево скандираа за Трамп, а неколку луѓе вееја транспаренти со пораки како: „Трамп победи“ и „Уапсете го Бајден“.

Актуелниот американски претседател Џо Бајден изјави за Си-Ен-Ен дека не е загрижен за потенцијалните немири кои би можеле да настанат во Њујорк.

„Не, имам доверба во Њујоршката полиција“, рече тој.

Можете да прочитате

Грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер го погоди регионот на Османије во јужна Турција

Почина основачката на образовната програма „Еразмус“, Софија Коради