Утрински Весник
Спорт

Тод: Ајде да го оставиме Шумахер и неговото семејство на мир

Тод: Ајде да го оставиме Шумахер и неговото семејство на мир

Поранешниот претседател на Ферари и на ФИА, Жан Тод признава дека несреќата на Михаел Шумахер имала „последици“, но побара неговото семејство да биде оставено на мир бидејќи ја заслужува приватноста.

dobivaj vesti na viber

Шумахер заврши во медицински индуцирана кома по сериозните повреди на главата при пад на скијање во Франција во декември 2013 година. Оттогаш тој е во нивниот семеен дом во Швајцарија, далеку од очите на јавноста и зачудувачки во речиси десет години по несреќата, многу малку работи се познати околу неговата вистинска состојба.

77-годишниот Тод, кој наводно се гледа со Шумахер еднаш месечно, побара приватност за сопругата на Шуми, Корина.

„Да го оставиме на мир. Да ја почитуваме желбата за приватност на Корина и нејзините деца, дури и кога знаеме дека несреќата имаше последици. Но, тие кои велат дека знаат точно што се случува, не знаат ништо. Да, одам да го гледам. Тој и неговото семејство се и мое семејство“, вели Тод во интервју за „Кориере дела сера“.

Можете да прочитате

Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига

Три години затвор за братот на Пол Погба за обид за изнуда

Девет лица имале срцев удар или се онесвестиле по тешката повреда на Лесор