Утрински Весник
Македонија

Османи од Рим: За нашите граѓани е значајно да видиме промена на подобро пред полноправно членство во ЕУ

Османи од Рим: За нашите граѓани е значајно да видиме промена на подобро пред полноправно членство во ЕУ

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, во рамки на работната посета на Рим и учеството на министерскиот состанок за Западен Балкан, учествуваше и на Конференцијата “Нови визии за Западниот Балкан: пристапување во ЕУ и регионална безбедност” во ко-организација на Министерството за надворешни работи на Италија, Институтот за меѓународни работи од Рим и Опсерваторијата Балкан од Тренто.

dobivaj vesti na viber

Османи ја нагласи неопходноста од успешна социо-економска транзиција и поттикнување на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ уште пред членството.

“Она што ни треба за да го вратиме позитивниот тренд за поддршка на евроинтеграцискиот процес може едноставно да се дефинира како постигнување на повеќе и подлабока интеграција уште пред членството. За нашите граѓани е значајно да видиме промена на подобро во секојдневниот живот”, предочи министерот Османи.

„Се покажавме како одговорен и доверлив партнер на ЕУ и НАТО, позитивно придонесуваме за регионалната стабилност со давање поддршка на нашите соседи во надминување на отворените билатерални прашања, како што е неодамнешниот состанок на Дијалогот меѓу Србија и Косово, кој се одржа во Охрид, и со иницирање нови формати на соработка, како што е Иницијативата 8 долж Коридорот 8 со Бугарија, Италија и Албанија, иницијативата Б6 и најновата ЕУ Четворка – ЕУ Квад на оние држави од Западен Балкан кои имаат целосна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ“, укажа Османи.

На конференцијата, покрај домаќинот – потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, учествуваа министрите за надворешни работи од државите во регионот, шведскиот министер за надворешни работи Тобиас Билстром, еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји, заедно со реномирани експерти и политички аналитичари од тинк-тенк институти од регионот.

Можете да прочитате

Обвинителство бара да се распише потерница за Васко Ковачевски

Бугарија одобри нацрт-договор за железничката пруга кон Македонија

Меџити: Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните