Утрински Весник
Свет

Тесна трка меѓу Борисов и Петков, покажуваат првичните резултати по гласањето

Тесна трка меѓу Борисов и Петков, покажуваат првичните резултати по гласањето

Првичните резултати од гласањето на денешните избори во Бугарија покажуваат тесна трка помеѓу коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов и коалицијата на експремиерот Кирил Петков од партијата Продолжуваме со промените (ПП) која настапи заедно со Демократска Бугарија (ДБ).

dobivaj vesti na viber

Според излезните анкети на агенцијата „Тренд“, ПП-ДБ има 26,9 отсто од гласовите, а ГЕРБ-СДС 26,7 отсто, Преродба 12,9 отсто, ДПС 12,4, БСП 10,5 отсто, пренесе БГНЕС.бг.

Блиску до изборниот праг од четири отсто за пратенички мандати е Има таков народ на Слави Трифонов со 3,9 отсто освоени гласови.

Според прелиминарните резултати, и по овие избори Бугарија нема да успее да оформи функционално парламентарно мнозинство.

Ова се петти парламентарни избори во земјата во последните две години.

Можете да прочитате

Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Аналитичар: Зеленски мора да оди на преговори дури и ако Путин не дојде