Утрински Весник
Свет

(Видео) Татарски бил цел на експлозијата во руското кафуле, му дале статуа полна со експлозив, велат од руското МВР

(Видео) Татарски бил цел на експлозијата во руското кафуле, му дале статуа полна со експлозив, велат од руското МВР

Руското Министерство за внатрешни работи потврди дека воениот блогер Владлен Татарски бил убиен денеска во експлозија во кафуле во Санкт Петербург.

dobivaj vesti na viber

„Во 18 часот и 13 минути полицијата добила информација за експлозијата, при што загинало едно лице, воениот дописник Татарски, а 16 лица се ранети“, изјавија за ТАСС од прес-службата на Министерството.

Експлозивната направа во кафулето била насочена кон Татарски, додаде портпаролот на Министерството.

„Целта беше Татарски“, велат од Министерството.

Извори од Министерството за внатрешни работи, цитирани од руската новинска агенција РИА, изјавија дека бомбата била скриена во статуа која на Татарски му била дадена во кутија.

Моќта на експлозивната направа била поголема од оние кои би произвеле 200 грама ТНТ.

Локалното обвинителство на областа Санкт Петербург почна истрага.

Вистинското име на Татарски е Максим Фомин, кој на руската јавност и’ стана познат на почетокот на војната во Украина.

Секојдневно објавуваше анализи за состојбата на бојното поле и им даваше совети на мобилизираните.

Можете да прочитате

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната